Демант на Протојереј Виктор Стојчев

ДО:
ЕДЕН НА ЕДЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ
ОД:
ПРОТОЈЕРЕЈ ВИКТОР СТОЈЧЕВ
ПРЕДМЕТ: ДЕМАНТ

Почитувани граѓани, почитувани роднини и пријатели и верни чеда на Македонската Православна Црква.
По повод изнесенитe лаги и невистини во емисијата Еден на Еден, емитува на на телевизија Телма во саботата навечер 18-Март-17 Ви се обраќам со следното соопштение.
Спротивно на сите лаги и клевети изнесени од лицето Бојан Јовановски против нашето семејство и моето свештеничко достоинство сакам да Ве информирам следното:

На ден 7-1-17 Божиќ околу 18-10 часот по враќање од долго патување нашето семејство беше нападнато пред сопствениот дом, најпрво од лицето Бојан Јовановски вербално со погрдни зборови ја нападна мојата сопруга и најмалиот наш син за да потоа вербално со вулгарен речник, закани и пцости се нафрли кон мене и другите наши две деца.
Потоа му се придружи и неговиот татко, Миле Јовановски кој без предупредување влезе во нашиот двор и ме нападна физички во нашето возило и од кога ме извлече надвор со неколку удари по главата и по нозе ми нанесе тешки телесни повреди и скршеница.
Надлежните органи ги превземаат сите мерки за расчистување на овој насилен напад и веруваме дека во најкраток можен рок овој настан ќе добие судска разрешница и сторителите ќе бидат соодветно казнети според законите на РМ.
Јавно ги повикуваме напаѓачите да се извинат за сторените кривични дела во духот на цивилизациските вредности.

За изнесените клевети и лаги во емисијата Еден на Еден на ТВ Телма и по останатите медиуми и социјални мрежи кон лицето Бојан Јовановски ќе бидат превземени соодветни правни мерки пред надлежните институции за нарушување на честа, угледот и достоинството на нашето семејство.
Воедно апелираме до сите наши роднини, пријатели и сограѓани да се воздржат од наседнување на сите досегашни и идни провокации изнесени од сторителите на овој напад.
Протојереј Виктор Стојчев

Секретар на православната Епархија за Европа при МПЦ (во оставка)
Архиерејски намесник на Западноевропското архиерејско намесништво и
парохиски свештеник на МПЦ- општини:
св. Архангел Михаил-London и
св. Георгиј Победоносец-Littlehampton, Велика Британија.