Глупави начини да умреш

Dumb Ways to die во оригинал е насловот на кампањата за безбедност во железничкиот сообраќај која во ноември 2012 ја нарачаа Metro Trains од Мелбурн. Ја поставуваме за сите оние кои досега немале можност да ја видат.

Луѓето од Мекен решиле да направат анимирано музичко видео кое прерасна во глобален феномен во текот на 2013 година. Само за две недели по објавувањето видеото имаше 85 пародии, денеска има многу повеќе. Песната која носи наслов како кампањата стана инстант глобален хит и ја видоа огромен број на луѓе.
Во мај и септември минатата година беа пуштени игри за Епл и андроид уредите и приказната продолжи да живее. Како финале во 2013 година оваа кампања беше наградена со седум Веби награди.
За жал во државата Виктори во Австралија нема подобрување на резултатите во безбедноста. Напротив, еден поранешен вработен во компанијата изјавил дека видеото ги потикнува самоубијците да го користат возот како потенцијално средство за самоубиство, ако може така да се каже. Ние сепак сметаме дека видеото вреди да се види. Ако ви дојде самоубиствен нагон, гасете веднаш!
М.Д.