Калински и Панчев коментираат свадба

По видеото со Игорче од евробаскетот 2013, ни пристигнаа многу барања да направиме пародија на коментирањето од Златко Калински и Дарко Панчев.

Ние сме најискрено, огромни нивни фанови и според нас не само што се најинтересни, туку се и најквалитетни коментатори на ова светско првенство. За нив ќе кажеме едно најголемо БРАВО, а за вас следи нашата најнова пародија која овојпат ја направивме малку поразлична. Златко и Даре не коментираат фудбалски натпревар, туку нешто многу почудно…