Митинг на неопределените, дуел Груевски VS Заев – одлична епизода 3

Неопределени, определете се! Излези и гласај! Мрдни го газот! – ова е пораката што лидерот на Партијата на неопределените, Климе Охридски, во неделата им ја упати на сите гледачи на „Фчерашни новости“.

Епизодата број 3 на пародичните вести веќе е достапна на официјалниот канал на „Јутјуб“ :

Во неа, покрај новиот изборен спот на најголемата партија во Македонија, како и нивните предизборни активности, ве очекуваат и многу други одлични содржини.

Конечно, Груевски и Заев имаа телевизиски дуел, а Гордана Јанкулоска по долго време излезе во јавност и одговори на прашањата на гледачите.

Македонските железници спасија уште еден живот, а репортерот Кузман за малку ќе го погодеше местото на настанот.

Се на се, ова е епизода што не се пропушта!

Гледајте ги еклузивните клипови и фотографии од снимањето на емисијата на сите наши официјални страници:

Следете го ликот и делото на лидерот Климе Охридски на неговата официјална страница на „Фејсбук“.

Следете ги и „Фчерашни новости“ на сите официјални канали на Фејсбук“Инстаграм   и на Јутјуб“