Новогодишна Еден на Еден

Супер динамична новогодишна Еден на Еден. Сашко Коцев и Бубо Каров гостуваат, пеат и свират во студиото на Еден на Еден и секако зборуваат за празниците и за тоа како ги поминувале новите години.
Во вториот дел, гости на Жаре се и Борјан Јовановски и спикерот на МТВ, Столе Трпчевски кои настапуваат со нивниот бенд Репортерс. Многу скечеви, шеги и супер атмосфера имаше низ целата епизода, а специјално изненадување за гледачите приредија фејсбук и твитер ѕвездите Бетмен Велит и Дарко Лешовски со нешто што не може да се коментира и мора да се погледне.

Среќни празници и уживајте во новогодишното издание на Еден на Еден.