Погледнете го гостувањето на Петко и Суперхикс во новото издание на нашето шоу

Изминатава сабота студиото на #1на1 беше преполно бидејќи на гости ни дојдоа дечките од Суперхикс кои што за прв и последен пат ја изведоа нивната најнова песна “После толку години”. Освен Суперхикс, на каучот спроти Жаре седна и единственото куче што зборува – Петко. Петко во неговото прво појавување во било кое ток-шоу ни кажа нешто повеќе за неговиот живот, и дали е изненаден од неговиот успех.

Се надеваме дека ќе уживате и во оваа епизода од седмата сезона на нашето шоу.