Правете место во фрижидерите!!!

Ден – среда, расположение – среќно, место – Мекиците од Стража, повод – промовираме нов сок на пазарот!

Дел сме од еден супер интересен тим со кој веќе подолго време работиме. Дечките и девојките го лансираат Гуте Фрухте, а ние сме агенцијата која сето тоа ќе го спакува во се надеваме за Вас интересно пакетче во форма на рекламни спотови, принт решенија, хуманитарни акции и кампањи и БТЛ презентации во маркети низ републиката.

GUTE FRUCHTE-PROMO - DSC_8120

Но, не морате да го пробате Гуте Фрухте само заради нас. Еве и пар други причини –

1. Направен е според рецепт на швајцарски Живодан, компанијата која е глобален лидер во креирање вкусови и рецепти и фирма во која најголем поединечен сопственик на акции е милијардерот Бил Гејтс. Ова е прв сок кај нас што ќе се произведува со рецептурата на оваа компанија, а со тоа Гуте Фрухте влезе во друштво на Унилевер, Нестле, Прада, Диор и многу други гиганти кои веќе се клиенти на Живодан.

2. Бренд амбасадори на Гуте Фрухте ќе бидат убавата Марјана Станојковска, која за потребите на кампањата ќе го освежи својот германски јазик (ќе видите што ќе зборува на германски во некој од рекламните спотови 🙂 ) и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски кој на задоволство на сите нас, повторно ќе може да го видиме на тв екраните, а за прв пат во ваква улога.

GUTE FRUCHTE-PROMO - DSC_8171

3. Тотал Брендс, ексклузивниот дистрибутер на Гуте Фрухте за Македонија ја поддржа хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во Србија и Босна со донација на речиси еден тон производи и порача дека и другите компании треба да го следат тој пример и да бидат хумани и човечни во ова време кога тоа на светот му е повеќе потребно од било кога.

4. Гуте Фрухте се произведува со FSC стандардите што значи дека за секое дрво што се употребува во процесот на производство се засадуваат минумум доволен број дрва за воопшто да не се наруши балансот во природата.

5. Бидејќи навистина ВРЕМЕ Е ЗА НЕШТО ДОБРО!

GUTE FRUCHTE-PROMO - DSC_8114

IMG_9610

Пробајте го Гуте Фрухте, побарајте го во маркетите и очекувајте наскоро други позитивни изненадувања поврзани со овој, сигурни сме ваш нов омилен пијалок! 🙂