Второ издание на “Вози право, вози здраво“!

Стопанска Банка АД – Скопје ја има честа по втор пат да ги покани љубителите на велосипедизмот да земат дел од ревијалната трка насловена “Вози право, вози здраво”. Овој настан и оваа година ќе се одржува на улиците на Скопје со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на овие транспортни средства на две тркала. Истиот ќе биде одбележан и со донацијата на урбана опрема за развивање на сообраќајната и велосипедската култура.

„Вози право, вози здраво“  Vol. 2 ќе се одвива во два дела – ревијална трка и концерт/забава. Ревијалната трка овојпат ќе почне во 17 часот од СТБ Детскиот велодром, спроти Веро Тафталиџе во паркот Македонија. Овој велодром беше донација од Стопанска банка за Град Скопје од првата изведба на „Вози право, вози здраво“ минатата година и е најсоодветно место за почеток на настанот. Целта на трката е на влезот на Градски парк, позади споменикот на Гоце Делчев каде ќе биде поставена бина и ќе бидат понудени бројни забавни содржини за сите посетители. За добра музичка подлога на настанот ќе се погрижат Даниел Кајмакоски, 5+ бендот, и едните и единствени Пеперминт (кои што сè уште се предводени од незаменливиот Пајак!).

Секој учесник на настанот ќе добие и репрезентативен материјал, додека пак броевите на учесниците ќе бидат дел и од извлекувањето во кое што најсреќните учесници ќе имаат шанса да добијат Ninebot Segway, Specialized велосипеди, СЕМОС обуки, спортска опрема и други вредни награди.

На трката учество ќе може да земат сите заинтересирани лица кои ќе се регистрираат во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка во i-bank store или на линкот за регистрација www.stb.com.mk/marketing.nspx.

Се гледаме во сабота, 17.09 од 17 часот!

vozi misko