10 факти кои што сигурно не сте ги знаеле!
1. Монт Еверест расте по 4 мм секоја година. Мажи, за успешен брак и задоволни сопруги обавезно да ја поминете годината на Монт Еверест, можеби и вие ќе префатите нешто.
2. Охрид има повеќе Охридски езера од сите земји во светот.
3. 99% од Либија е покриена со песок и е пустина. Останатиот 1% е покриен од армијата на САД.
4. Во Папуа Нова Гвинеја се зборуваат над 820 јазици. Во студентските домови во Скопје сe зборуваат над 821 јазици.
4. Рим е град со 2.8 милиони жители на 1.285,3 км2 и е 4ти по ред најнаселен и најголем град во рамките на ЕУ. Бројот од 2.8м жители е за 200.00 жители помал од бројот на партиски книшки во Македонија.
5. Во Хаити нема дрва. Во македонската фудбалска репрезентација има дваесетина дрва повеќе од Хаити.
6. Во Индонезија има 127 активни вулкани. Ниеден од нив не може да ја запали Индонезија толку колку што SANDRA AFRIKA JA ZAPALI PUBLIKATA VO PRIBILCI (EHPLICITNO FOTO+VIDEO)
7. Сингапур е најголемата земја во светот во која нема фарми. Поради ова тие мора да увезуваат говеда од Mакедонија која што фала богу ги има во огромен број.
8. Најпријателски настроена нација во светот е Исланд. Што значи ако во Исланд отидете и на келнерот му побарате сметка тој нема да ви врати со “Добро бе да му еам мамата, ако реков дека ќе дојдам за десет минути значи така и ќе биде, не мора да ме потсетуваш секој саат….”
9. Taumatawhakatangihangakoauauotazarenajjacimateaturipukakapikimaungazastogocitasovhoronukupokaiwhenuakitanatahu е најдолгото име за планина кое што можев да го измислам во моментов бидејќи знаев дека нема да го прочитате цело име.
10. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија. Австралија увезува жители од Македонија. Тоа е. Круг на животот. Секој од секого увезува по нешто.