6 Типови на луѓе што гледаат Светско Првенство
Ретките се работите што го тера секој македонец да се залепи пред телевизорот овие денови. Освен турските серии и појавувањата на краватата на Латас во вестите ретко што може да го возбуди македонскиот ТВ гледач . НО! Оваа година ќе имаме чест да уживаме во фудбалските мајстории на Гранит Џака, Саад Ел-Дин Самир, Видар Орн Кјаартансон, Рандал Азофеифа и останатите фудбалски велемајстори на СП во Русија. Поради тоа екипата на #1на1 направи анализа – Кои се шестте типови на луѓе што ќе гледаат СП оваа година?
- Просечен Македонец
Не пропушта фудбалски натпревар. Гледа СП за да се оддалечи од досадата на секојдневието. Не примил плата три месеци. 5 избори по ред гласа за погрешните. Жена му има три швалери. Не се нервира за тоа. Се нервира поради тоа што судиите му досудиле пенал на Нејмар и покрај тоа што “a be ocigledno glumi be vidi go kakov e eeeeej!”
- “Инстаграм модел”
Згодна женска што има илјадници следачи на фејсбук. Најчесто средовечни очајни типови од Бресница и пишуваат коментари од типот на “slatka si aj da se sretneme????”. Врска нема од фудбал. Мисли дека Офсајд е кога голманот ќе ја фати топката со рака. Нема никаков контакт ни со Меси ни со месење (на банички).Постира слика од дрес на Италија со текст “Napred Furija!!”. Собира илјадници лајкови и исто толку коментари. Мечот и стои во позадина и воопшто не го гледа прибидејќи цело време си го проверува фејсбукот, твитерот, инстаграмот, снепчетот, виберот и календарот.
- Коцкарот
Уплаќа 20 денари секој ден во надеж дека ќе фати милиони. Нема да фати.
- Васко Ефтов за сиромашни
Гледа натпревари во кладилница пошто живее дома со мајка му иако нафукал 45 години. Мајка му ќе гледа дома турска серија од типот на “Мишката на снаата”. Тој нема 20 денари да уплати тикет, ама затоа има уста. И тоа голема. Цело време дебатира со луѓето од близина како се е наместено. Се знае победникот унапред. Американците прскаат со “кемитрејлс” за време на утакмици. Путин им се заканил на Русите да не се враќаат без злато (а како тоа да не се враќаат кога првенството се игра во Русија???), Tрамп наместил Кореа да стигне до ¼ финале и слично. И се тоа го знае поради тоа што има некој си вујко во странство знае како одат тие работи.
- Газди на кафулиња
Трлаат раце очекувајќи го светското. Веќе спремиле три пати поскапи цени на целото мени бидејќи знаат дека ќе бидат преполни со гости ова лето. Се што го интересира се парите, а фудбал последен пат играл во забавшите на голем одмор. Сепак тоа не го спречува на фејсбукот на своето кафуле да пише “АЈДЕЕЕЕ! ЕДНО ПИВО ИЛЈАДАРКА! ОГРОМНО ДЕРБИ! ТУНИС-ПАНАМА! НЕ СИ ВИСТИНСКИ ФАН АКО НЕ ДОЈДЕШ!!!”
- Фудбалски Фанови
Гледаат фудбал и уживаат во истото. Психопати.