ОПЕЛ – гази сигурно и натаму

Бевме ангажирани од светскиот гигант Опел за нивната прес конференција која се одржа во ресторанот Арабеска и на која се претстави извонредниот портал myopel.mk со кој секој соственик на Опел добива врвна грижа, се закажува сервис, се лоцира најблискиот дилер, се гледа профилот на Вашиот Опел итн.

Zare-Dimitrioski-Dragan-Nenadovic-i-Kosta-Dinkovski

По пауза од 10 години, присутен во Македонија беше генералниот директор на Опел за целиот балкански регион, Драган Ненадовиќ, кој најави дека до 2016 ќе се претстават дури 23 нови модели и 13 нови генерации мотори.

Direktor-Opela-upoznao-je-sve-prisutne-sa-planovima-Opela-za-naredni-period

И повеќе од очекувано е дека Опел и натаму ќе ја задржи водечката позиција во Македонија освоена во септември, со 10.25% учество на пазарот. Секоја чест и само напред Опел!