Физичкиот изглед на црните дупки откриен на НАЈНЕВЕРОЈАТЕН начин

Од кај да почнеме со приказнава?!?

Кристофер Нолан е еден ѕверски режисер, сценарист и продуцент кој има направено многу кул филмови како најновата Бетмен триологија, Мементо, Инсомнија, Престиж, Инсепшн и др… Периодов, Нолан работи на филмот Интерстелар каде ќе играат Метју Меконахи, Ен Хетавеј и Мајкл Кејн. Научна фантастика за не е ни битно што во моментов и за приказнава… Што има тоа врска со црните дупки?

Нолан го ангажира астрофизичарот Кип Торн за да ја направат досега визуелно најдобрата црна дупка на видео. Секако, за потребите на филмот, не е до толку будала да си прави рендер верзии на црни дупки за по дома… Торн на тимот графичари и дизајнери кои работат на Интерстелар им дава купишта и купишта формули и истражувања поврзани со црните дупки. Овие седнуваат и после многу денови работа и 800 терабајти (ДА, ТЕРАБАЈТИ) рендер вадат графички приказ кој изгледа вака –

1096226

Овде почнува јакото – Торн и другите научници и астрофизичари сфаќаат дека приказот е неверојатно точен и дека ова не само што е нешто најблиску до црна дупка како што барал Нолан, туку ова Е ЦРНА ДУПКА! Наскоро се подготвува и научна студија која сето ова ќе го потврди.

Значи, идната година Нобеловата награда за физика може да оди кај Кристофер Нолан, зошто да не. 🙂