Во Бетмобилот, Робин!

Возилото на Бетмен или познат како Бетмобил со годините се менуваше, па така од обична црвена кола, сега стана вистинска воена машина, страв и трепет во Готам.

Првиот Бетмобил за жал не можевме да најдеме слика, бил обична црвена кола која била побрза од другите, мошне креативно, но сепак тоа било во далечната 1940.

Бетмобилот кој беше направен за серијата од 1966 година е икона сам по себе. Сите пораснавме со оваа серија, малце комична од денешен аспект, се сеќавате таму позади грмушката излегуваше Бетмобилот.

betmobil2

После тоа, дојде Тим Бартон па малце ги оправи работите, му даде вистински Готам лик на Бетмобилот. Само за потсетување под маската се криеше обична Шевролет импала.

betmobil3
Џоел Шумахер стави еден печат на франшизата Бетмен, го смени готскиот лик, така што му додаде повеќе светла на Бетмобилот.

betmobil4
Во Бетмен и Робин само беа додадени повеќе бои и одземени некои делови, за да изгледа помалку како од цртан филм.
betmobil5

Во триологијата на Кристофер Нолан беа сосема тргнати цртите од стрипот, со што стана помодерен, нешто што наликува на воено возило. Дури и името му го сменија па така Бетмобилот стана „Tumbler“.

betmobil6
Военот стил остана и за најновиот дел кој се уште се снима, а ова се фотографиите кои излегоа.

 

 

 

betmobil2014