Реклама за Sony Playstation повлечена поради сексуална конотација
За многу кратко време компанијата „Sony“ ја тргна рекламата со секси докторката од својот YouTube канал. Таа зборува за опцијата Remote Play, но поради сексуалната конотација може да се протолкува погрешно.
Зборовите на девојката на рекламата можат да се протолкуваат како сугестија за мастурбација, а освен тоа некои сметаат дека е сексистичка, поради тоа од Sony за брзо време интервенирале.