За нас
Почнавме како Еден на Еден, навидум обичен тв проект осмислен од Жарко Димитриоски. По првите две сезони поминати на А1 и А2 телевизија дојде време да се направи следниот логичен чекор – собирање на тимот кој повеќе години неофицијално работеше заедно и отпочнување на нова приказна во нашите животи (влегува ДОО-то). Што заради нови предизвици, што заради тоа што А1 и А2 продолжија да бидат само димензии на хартија…
Денес сме сериозен тим кој нуди комплетни маркетинг и продукциски услуги, работиме на голем број проекти за многу наши партнери, горди сме на шоуто “Еден на Еден” и фестивалот “Балкан Стенд Ап” и иако на моменти не знаеме како постигнуваме и кога ќе дојдеме дома нашите ни велат “а ти кој беше?!*”, страсни сме за нашата работа и не би ја менувале за ништо на светот!
Живееме во најтурбулентниот период од човештвото. Времињата се менуваат, приодот кон нештата мора константно да биде апдејтиран. Токму затоа, следењето на сето она што е ново и посветувањето внимание на она што е тренд во нашата работа за нас е од најголемо значење.
*на што одговараме со “а ти чиј/чија си?”