Авганистански Брус Ли
Дваесетгодишниот Авганистанец Абуз Ализада е вистинска интернет сензација, тој веќе е прогласен за наследник на легендарниот Брус Ли.
Фејсбук страницата „Брус Хазара“ на која Авганистанецот ги презентира своите вештини од кик боксот и џудото, секојдневно добива десетици илјади приврзаници и поддржувачи.
Ализада е роден во семејство со 10 деца, покажувал извонреден талент уште од најмала возраст, но неговите немале пари да го запишат на курсевите за кик бокс и џудо. Талентот го видел познат тренер Кинез, кој работи во Кабул и почнал да го тренира.