Жаре – Кад би дао карте, крви би ти дала!
Стотици прочки поминаа ама македонецот не научи да прости успех. Единственото нешто што останува непростено кај нас е успехот. Ко во песнана на Металика, така безброј луѓе низ историјата даваат се од себе и прават од гомно-торта и никако да го добијат признанието што го добиваат браќата срби, хрвати и останатите. Како манијакални швалери, на македонците по правило послатко и поубаво им е туѓото. Ова се јавува како доминантна карактеристика во 1001 домен ама во моментов конкретно мислам на ентертејнмент индустријата, што благодарејќи на таквите мразачи на своето се сведе на бедно фабриче кое едвај крпи крај со крај и во кое вработените се константно неплатени, а уште не ни чуле дека треба да им се даваат и придонеси.
Да научевме како да се гордееме со нашите музичари, спортисти, тв лица и уметници немаше да се доведеме до бедава. Истата не е производ на сегашниот однос на медиумите и публиката. Напротив, години и години од тој однос се во прашање за тоа што сме доведени до сегашнава ситуација. А таа е следна –
1. Ретко кој може да се нарече професионален музичар од проста причина што истото е неисплатливо. Македонските компани радо ќе фркнат четвртина од годишниот приход на Севе ама ни на крај памет нема да им падне да ги викнат Тамара или Елена. Македонската публика ќе дојде од секој од Господ заборавен ќош за да ја гледа Цеца и притоа ќе лупне 1500 денари само за карта, додека 99.9% од нашиве пејачи ќе си заминат во пензија без еден единствен прописен концерт. Македонските медиуми ќе ги убијат од давање Харис Џиновиќ и Шабан Шаулиќ додека ние забораваме како тоа изгледаат Наум Петрески и Миле Кузмановски (Миле беше тој брзо што му растеше брадата или обратно?). Што би рекол Пајак од Пеперминт – а да му кажевте на Тоше дека е најдобар додека беше тука?
2. Здравко Мамиќ скоро беше кај Ацо Станковиќ во “Недељом у 2” и збореа за тешкиот скандал дека на Динамо му доаѓаат просечно 3-4 илјади гледачи кога игра натпревари од хрватска лига. Ало! СКАНДАЛ им е тоа што не доаѓаат по 10 илјади на стадион кога модриве играат против Славен Белупо! Вардар, гордоста наша, нема видено 3 илјади од ноево време! Ќе дојде време кога Даре Панчев ќе биде единствениот “вардарец” што играл пред десетина полн стадион. А не дека за други спортови е различно. Мораше Сергеј од Русија да дојде и да го купи цел свет за одеднаш сите да се маваме во гради дека сме црвено-црни до гроб. Ќе помести човекот и брда и планини, па во прв момент кога не дај боже ќе зачкрипи ќе ни стане најголем душман, ви текнува на Кометал? Жити Металург што успеа сам да се крене од пепел и да направи нешто, па еве колку ја заболе јавноста за сегашната состојба таму. Кошаркариве требаше факинг 4то место во Европа да станат од нигде никаде за да почнеме да ги цениме. Друг спорт не ни постои.
3. Македонски Идол? К15? Некоја емисија на Игор Џамбазов? Некој наш ситком да наравевме? Не бе брате! Си гледаме ние Ѕвезде Гранда, Брачни Судија и бркати ликови во Карадај и Баба Ванѓа… Нема око да ни трепне кога сите наши креативци ќе ги снема од програма ама затоа ќе се убиеме од жалење како тоа немало асална македонска емисија и како тоа не сме биле способни да направиме саглам телевизиска програма.
4. Требаше нешто и за уметност демек? Нема уметност. Заради истите амеби споменати погоре.
Е баш затоа најмалиот ни братучед во фамилија “крви би ти дал” ако му дадеш 2 карти за концертот на Цеца, а не знае да каже една песна од Каролина дури и животот да му зависи од тоа (Каролина во 1на1 кажа дека има лудо типче што ја прати. Мислиш нема да му дојде на малиов со пиштол и да му рече – песна од Каролина или пукам?!).
Ќе завршам со мисла на генијалниот Игор Џамбазов. Тој вели – македонската телевизија (не мисли на “националниот сервис” како тие милуваат да си се викаат, туку на телевизиите општо) ќе умре во наредниве десет години и цела публика ќе се префрли на интернет. А на нас, единствените кои можат да и го продолжат животот тие одбираат да им ја затворат вратата на еден или друг начин. Епа, RIP телевизијо!
Жарко Димитриоски