Наслови кои што ќе ги најдете само на 01.04
Креативноста на македонските сајтови (не) познава граници. И овој “ден на шегата” ќе ги читаме истите наслови.
-Обама е антички македонец!
Зошто е Обама црн? Поради тоа што долго време останал стоејќи пред македонското сонце. Хахаха не бе, само се шалиме американец е хахахахахаха априлилилили
Топ коментар: Nese seguvajte so ovie raboti, ova e fistina gledav emisija za ova!!
-Решен е проблемот со името!
Сега ќе се викаме Република Македонија во заграда Тетово. Априлилили нема да се викаме така. Нема никако да се викаме. Никој нејќе да ја викне Македонија. Најверојатно никогаш нема да се реши името. За жал. :((((((
Toп коментар: KE GO PRODADAT IMETO RADI TOA STO CIA KE GI UBIE AKO NE GO SMENAT IMETO I ZA OVA GLEDAV NA EMISIJ
-Барселона ќе гостува во Скопје!!!
Лани никој не ни поверува на ова, ама зашто да не пробаме пак. Ни поверувавте? Не? Ќе пробаме пак и следната година.
Toп коментари: KAKVA BARSA SAMO REAL/ KAKOV REAL SAMO BARSA/ KAKVA SPANSKA LIGA SAMO ANGLISKA/ KAKVA LIGA NEMA LIGA JA GLEAV ISTAVA EMISIJA OD POGORE VIKAA NE POSTOI LIGA!
-Мекдоналдс се враќа во Македонија во нова верзија – Тврддоналдс!
На задоволство на сите што сакаат да се дебелеат и сите што чувствуваат така McDonalds се враќа во Македонија. Но овој пат лепчињата ќе бидат потврди и ќе се викаат Тврддоналдс! Априлилилили ова не е вистина! Зашто да се враќаат во Македонија? После тоа никаква вредност нема да имаат вашите селфиња во Мекдоналдс при секое напуштање на државава
Топ коментар: More kakov Mekdonalc samo tav4e grav4e!
-Шокантно! Шега во #1на1!
Добро.Овдека немора ни да се обидуваме. И самите знаете дека е априлилили.
Топ коментар: Demek sto sami se zezate i interesni ste? Nikoj ne ve gleda be, Ivan Iscelitel e pogledan od vas!
–Пронајден убиецот на Ченто! Неговите иницијали се Б.Ц.!
Сега за сега немаме никаква идеја кое е целоснот име на лицето Б.Ц. ама знаеме дека е криво за ова! Априлилили хахаа се зезаме не е криво лицето Б.Ц. за ова. Ама за се друго е криво!!
Топ коментар: Zasto go zafrkavate Branko ne e ubavo ja u negovo vreme so clenska kniska dobiv rabota kako cistac na vecinja u Kuratica..
–Горан Пандев ќе оди во Манчестер Јунајтед!
Да! Пандев ќе отиде да си купи дрес за син му!
Топ коментар: Зашто во зафрканцијава пишавте “син му”. Зашто да нема ќерка макар и на зафрканција? До кога со овој сексизам?!?!