Слаткар, Тајзи и Викса
Први на двоседот беа Слаткар и Тајзи. Едниот веќе одамна етаблиран хип хоп изведувач, вториот реге ѕвезда која е заштитно лице на продукцијата на Слаткар, кој како што кажа, по завршувањето на договорот со Јован Јованов станува сам свој газда.
Слаткар открива како една за него обична маалска тепачка се претворила во огромен проблем кој го чинел три години условен затвор. Раперот зборува и за тоа кога почуствувал дека може да постигне повеќе од тоа што го правел кога бил на клупите во неговото маало, но и за тоа колку за жал е мал нашиот пазар на кој не може да се продадат повеќе од 3.000 копии од некој албум.
Виктор Петров Викса на Жаре му откри како од нигде никаде решил да замине во Унгарија каде добил работа на квизови на кои се добиваат брзи пари, за тоа како неговиот мозок почнал да работи толку радиоактивно благодарение на тоа што цели четири од неговите детски години ги поминал во болница во Белград, но и за тоа колку е среќен со тоа што му го носи животот. За првпат откри и неколку интересни работи како тоа дека НАСА му го спасила животот и дека во новата година ќе се реактивира Балканска Ебанка, а шанса да биде еден од водителите заедно со Викса и Докторот ќе има секој.