Eкономски експерт во Фчерашни новости
Нов мега проект на Владата и експертска анализа од економскиот експерт , ова се само дел од прилозите што ќе ги гледате во „Фчерашни новости“. Втората епизода на емисијата е закажана за оваа недела, 1 мај, во 19:10 часот, веднаш по вестите на „Телма“ телевизија.
Во меѓувреме сите скечеви од првата епизода, како и фотографии и видеа од зад сцената и од снимањата, може да ги најдете на официјалните канали на „Фчерашни новости“ на :
Јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w
Фејсбук: https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/
Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/
„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.
Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.