Што ќе гледаме во епизодата број 6 на „Фчерашни новости“
Авантурите на претседателот Иванов, потопувањето на галијата и уште една мега инвестиција во спортот. Го затвораме месец мај со шестата епизода на „Фчерашни новости“ во недела, 29 мај, 19:10 часот на „Телма“.
За ексклузивни скечеви и фотографии, кои не пронашле свое место во епизодата, следете ги нашите официјални канали на: Јутјуб, Фејсбук и на Инстаграм.
„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.
Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.