10 работи што не треба да ги кажете на луѓе што ќе гледаат ЕП
10 работи што не треба да ги кажете на луѓе што ќе гледаат ЕП во фудбал следниот месец:
1.А бе ајде местено е, џабе гледаш
Единствена причина зошто би го кажал ова е ако знаеш сигурно “namestena direktno iz kluba” утакмица да ја споделиш со другарот. Во спротивно не му се мешај.
2.Досадни се првите натпревари, излези сега па после ќе гледаш 1/2 финале кога ќе дојде време
Фактот што не те интересира дали левата полутка на Северна Ирска ќе сврзе повеќе од 5.5 пасови на групните натпревари не значи дека твојот другар не води статистика за истото. Не биди мисир.
3. Глеј Вимблдон, позабавно е од фудбал
Шансите се дека додека твојот другар гледа ЕП во фудбал, тој веќе ги снима мечевите од Вимблдон и планира да ги гледа вечерта после фудбалот. Вистинските спортски фанови никогаш не спијат, како што веќе се свесни фановите на Голден Стејт…
4. Ајде да излеземе да бркаме женски…
Вистински фудбалски фан знае дека исландскиот напаѓач ќе му донесе поголема возбуда од било која женска.
5. Ајде, можеш да пропуштиш еден натпревар…
Можеш ама и не мораш. Зошто да излезеш кога можеш да уживаш во 90 мин (плус полувреме) мајстории на албанските и романските велесили!
6. Ќе те пукам со пиштол
Бидејќи ова нема врска со фудбал. И во ниеден случај не смеете да го кажете ова на ниеден ваш другар освен ако не му ги раскажувате говорите на Фатиме од СЈО.
7. Светското е поинтересно
СП во фудбал е можеби поинтересно и ги има супер ѕвездите Меси, Нејмар, Хамес и Суарез, но тоа воопшто не е причина да не се ужива во ЕП и мајсториите на Блерим Џемаили, Кајл Лаферти и Габриел Торје!
8. Ќе има уште едно за 4 години
Од кај знаеш? Можеби доаѓањето на азилантите во Европа ќе придонесе следното ЕП да биде преименувано во Европско-Јеменско-Сиријско првенство?!? Од кај знаеш пријателе, од кај знаеш…
9. Ти треба малку одмор од ЕП…
Единствен одмор од ЕП може да дојде во форма на следење на Копа Америка. Никогаш доста од фудбал! СЕКТА!
10. Ако не прекинеш со ЕП ќе се разведам од тебе!
Добар обид ама ти си ми другар и не можеш да се разведеш од мене. А и башка кај се чуло и видело човек што прати фудбал да има време за жени?!