Еден на Еден на NEM 2016

Годинава бевме партнери на една од најпознатите европски конференции за маркетинг и медиуми, New Europe Market во Дубровник, Хрватска.
Четирите денови поминаа во фантастична атмосфера, имаше панелисти од најголемите медиумски куќи и маркетинг агенции од континентот и беше навистина чест да се биде дел од сето тоа.

NEM1 NEM2 NEM3

Секако, ќе присуствуваме и идната година кога нема да си заборавиме костими за капење и како и англичаните, ќе се фрлиме во Јадранот уште веднаш по пристигање 🙂