Слекување на маички, вртење со водени коси – во Прилеп е лудо
Со кренати чаши во чест на жртвите од Ница и со порака моџото на фестивалот – дружење, забава, љубов – да биде она по што ќе се водиме сите низ животот, Жаре и Марјана ја отворија втората вечер на „Пивофест 2016“.
Вечерта ни почна со преубавата Каролинa (не дека е наша, ама навистина беше…). Со Каролина во еден глас пееја и директори и вработени, и деца и стари, а богами – пеевме и ние.
Следуваше Хари Мата Хари, стар лисец кој добро знае како да ги погоди вистинските точки. Некаде при крајот на неговиот настап дождот повторно почна силно да паѓа, но за Хари тоа беше уште поголем поттик. Излезе на дождот да пее заедно со публиката, која упорно седеше до крај.
И самиот тој утрово ни призна дека дождот баш добро му легнал, бидејќи му го додал шмекот на неговите и онака романтични песни.
За Жаре, пак, најдоброто што заврна е што дождот всушност ги остави оние кои навистина сакаат да се журкаат, а тие за изненадување беа навистина многу.
Вечерта сите ги очекуваа „Банг ла декс“. За некои може непознати, но овие диџеи од Грција ја погодија својата целна група. Ова младиве буквално како да ги фати лудило.
Ги соблекоа маичките, мавтаа со водените коси, скокаа и го викаа она „у у“ (не ни е познато зошто уште некој би викал „у у“, ама ете… 😀 )
Се на се, одлична втора вечер. Малку накиснавме, но косата повторно ни изгледаше подобро од на Аца Лукас.
Иако очекувавме дека токму за него ќе биде еуфоријата, овде во Прилеп некако сите повозбудени се за доаѓањето на Рада Манојловиќ. Градоначалникот, пак, вечерва со најмногу ќеиф ќе го пречека неговиот пријател и како што призна – омилен пејач Миле Кузмановски.
Повеќе слики од настанот: