Нова сезона на Фчерашни новости!
Почнува втората сезона на сатирично-хумористичната емисија „Фчерашни новости“. Веќе добро познатата екипа предводена од Бранко Огњановски се враќа на „Телма“, каде повторно ќе може да ја гледате секоја недела.
Првата епизода гледајте ја на 20 ноември во 19:10 часот.
Езерка, Спиро Енергија, Јована, Петар…се само дел од ликовите кои повторно ќе ги гледаме во пародичните вести, во кои преку хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
Во новата сезона ќе се запознаеме и со нови ликови, воведени се и нови рубрики, а епизодите ќе бидат збогатени и со многу познати гости.
Во секоја епизода во околу 30 минути, екипата на „Фчерашни новости“ ќе се обиде да понуди нешто поинакво, во и онака слабата понуда на домашни продукции и морето на турко-српски серии и емисии.
Премиерата на секоја епизода ќе биде секоја недела во 19:10 часот, а првата реприза истата вечер во 22:10 часот. Репризи ќе бидат прикажувани и во понеделник во 16:10 часот и сабота во 14 часот.
До почетокот на новата сезона, потсетете се на старите епизоди и скечеви, како и видеа и фотографии од снимањата на официјалните канали на емисијата на:
Фејсбук: https://www.facebook.com/FcerasniNovosti
Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/
Јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w