Ексклузивно од митингот на Партијата на неопределените
„Фчерашни новости“ ексклузивно ве носи на митингот на најголемата политичка партија во Македонија – Партијата на неопределените! Eкипата оди и на терен за да ви го покаже најновото откритие на македонските археолози.
Следува уште една одлична епизода на овие пародични вести. Во неа гледајте ја и првата дебата во студиото на „Фчерашни новости“ со тема „Урбана VS неурбана мафија“ заедно со Мартин Најтинајн и двајца специјални гости.
Втората епизода на „Фчерашни новости“ гледајте ја на Телма оваа недела, 27 ноември, во 19:10 часот.
Дотогаш, посетете ги нивните официјални страници на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на „Јутјуб“.
„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.
Веќе втора сезона, во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.