Квалитетот се одржува само со посветеност!
Втора година по ред, претседателот на Република Македонија и Сојузот на стопански комори (ССК) го додели признанието „Македонски квалитет“ на градежната компанија Голден Арт.
Генералниот директор на Голден Арт, Ивица Јакимовски по тој повод изјави “Минатогодишното признание ни беше убав показател дека дека сме на вистинскиот пат. Дополнително мотивирани продолживме оваа година и ете, повторно се наоѓаме меѓу малкуте компании почестени со ова признание. Квалитетот се одржува само со посветеност, а ние сме максимално посветени на тоа секому да му градиме дом, не само стан”.
Извонредниот квалитет на градба и врвната енергетска ефикасност е она по кое е препознатлив Голден Арт. Нивните објекти се едни од најубавите и најбраните во општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром. Сосема заслужено, тие и оваа година се единствената градежна компанија која се закитува со ова престижно признание – “Македонски квалитет 2016”.