Како да ја намалите сметката за струја?
Четвртата епизода од втората сезона на „Фчерашни новости“ поради изборниот молк помина без политика, но тоа не значи дека им фалеше материјал за работа.
Екипата испита зошто некои улични дупки никогаш не се поправаат, а граѓаните ги анкетираана тема „На што најмногу трошите пари“.
Советуваа како да ги намалиме сметките за електрична енергија, но и како успешно да се справиме со инкасаторот.
Антонио Димитриевски овојпат одговараше на прашањата на гледачите во редовната рубрика на Мартин Најтинајн.
Имајќи предвид каква недела имавме, следните „Фчерашни вести“ нема да смеат да се пропуштат. Додека ги подготвуваат новите материјали, посетете ги нивните официјални страници на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на „Јутјуб“.