И Климе има платформа
Лидерот на Партијата на неопределените со своја платформа нуди решение за исходот на изборите. Климе Охритски повторно со свое обраќање во новата епизода на „Фчерашни новости“, која по пауза од една недела се емитуваше на „Телма“.
Во осмото издание, најгледаната хумористична емисија во моментот понуди и решение за тоа како да преживеете до формирањето на новата Влада.
Сепак, главниот акцент беше ставен на снегот, кој (не) ги изненади Македонија пат и (не) им го загрози животот на бездомните лица.
Сѐ на сѐ, уште една одлична епизода на „Фчерашни новости“, во која гостуваа и Али Ахмети и Влатко Илиевски, а која веќе од денес може да се погледне и на официјалниот канал на „Јутјуб“.