Македонското здравство најдоброто во регионот, па и пошироко
Македонското здравство најдоброто во регионот, па и пошироко, откриваат „Фчерашни новости“ во најновата епизода.
Екипата анализира и какви се народните свадбарски обичаи во Македонија.
Теоретичарите откриваат: Зошто опаѓа водостојот на Охридското Езеро.
И оваа недела нека ви биде резервирана за одличен хумор и многу смеење. Епизодата 11 погледнете ја оваа недела, 5 февруари, во 19:10 часот на „Телма“.
Првата реприза може да ја погледне подоцна истата вечер, а веќе од понеделник емисијата ќе биде достапна на официјалниот канал на „Јутјуб“ .
Проверете ги новостите од екипата на „Фчерашни новости“ на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.