Ланчо и Кузман ни влетаа во студио
Кузман и Ланчо од „Фчерашни новости“ по грешка залетаа во нашето студио. Најдебелиот крај го јаде наш Мешевски, а колку е тоа по вина на Жаре, или, пак, не е, проверете на следниот линк
Во епизодата 15 на „Фчерашни новости“, пак, екипата ексклузивно телефонски разговараше со поранешниот премиер Никола Груевски. На терен испитуваа, пак, за што се протестира.
Со анкета меѓу граѓаните, екипата се обиде да дознае што се случи со споменикот на Борис Сарафов.
Сѐ на сѐ, во неделата гледавме уште една одлична епизода на најдобрата забавно-сатирична програма. За оние кои немаа прилика да ја изгледаат епизодата 15 на „Телма“, истата веќе е објавена на официјалниот канал на „Јутјуб“.