Пет причини зошто да летовате на Кавос!
Сместен на јужниот дел на Крф, Кавос е познат како the place to be за oние кои сакаат луда летна забава, авантура и дружење со луѓе од целиот свет. Тоа не е место само за млади луѓе, туку за сите оние што се чувствуваат млади. Ако не се чувствувате така, пак, уште првиот ден ќе почнете.
Ова се само дел од неколкуте причини зошто би го одбрале Кавос ова лето:
1. Град што никогаш не спие
Кавос бил и уште долго ќе биде престолнина на забавата, град кој никогаш не спие. Место создадено за забава без престан. Градот изобилува со кафулиња и клубови, во кои посебно внимание и се посветува на одличната музика и расположението на гостите.
2. Одлични места за посета
Како втор по големина остров во Грција, Крф нуди се за секого. Од Кавос лесно може да се стигне го останатите градови на островот, а стариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор.
3. Аквапаркот
Иако не се наоѓа во Кавос, лесно се стигнува до него. Се работи еден од најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.
4. Храната и пијалоците
И не зборуваме само за малиот милион на алкохолни комбинации и коктели. Тука се и локалните пијалаци како пивото од ѓумбир и ликерот oд кумкват.
За медитеранската кујна нема ни потреба да зборуваме премногу. Во таверните секогаш ќе најдете некој специјалитет, домашен и одличен рецепт на семејството што ја држи таверната. Познатата грчка ѕаѕики салата одлично оди со некои од питите со спанаќ, сирење или пак топчиња од месо во сос од домати, свежите риби и лигњи приготвени на различни начини.
5. Плажите
На крајот на денот, сепак, се вика летен ОДМОР. А, по целоноќните журки и забави, редно е и да се земе душа на совршените, со киломери долги песочни плажи и тиркизно-синото Јонско Море. Плажите на Крф се едни од најубавите во Грција и повеќето од нив, дури 40, имаат сино знаменце, односно доказ за исполнети високи и строги стандарди за квалитет на водата, безбедност, обезбедување на услуги како и општо управување на околината.
Еден на Еден заедно со „Савана“ имаат одлична понуда за летовање на Кавос. Повеќе инфо на следниот линк