„Депресито“ за крај на „Фчерашни новости“
Со „Депресито“, песната која во само два дена стана една од најслушаните македонски песни, заврши и втората сезона на „Фчерашни новости“.
Екипата на Бранко Огњановски со 30. епизода од оваа сезона докажа зошто во една година стана најгледаната хумористична емисија во македонскиот етер.
Eве што последни дознавте:
- Aнкета: Како го доживеавте отварањето на вратите од Собранието?
- Анализа: Кои се најдобрите коментари за „Фчерашни“?
- Интересна средбa: Се сретнаа Али Ахмети и Мендух Тачи
- Разговор со експертот за гасење на медиуми
Како што е редот, свое обраќање во последната епизода имаше и лидерот на Партијата на неопределените, Климе Охритски.
Ланчо Пашазотов, Кузман Статива, Слободанка Лешник, Мартин Најтинајн, Силвестер Ведар, Г-Ман, Јована, Петар, Блажо, Миле Паника се само дел од ликовите кои нѐ дружеа повеќе од седум месеци, во можеби најважниот период од поновата македонска историја, кој беше поинтересен и полесен за преживување во друштво на „Фчерашни новости“.
До следната сезона, останете така!