Би гласале ли за Жарко Димитриоски?
Би гласале ли за Жарко Димитриоски?
Спасе во студиото на „Еден на Еден“?
Зошто бабите треба да се заштитат од УНЕСКО?
Кој е Спасе, кој како стигнал во тимот и кој е сега следен на тапет откако Каролина се омажи? Публиката имаше многу прашања за Жаре, Марјан, Љубиша, Марина и Ива, во првата студиска емисија на „Еден на Еден“.
Новата сезона на „Еден на Еден“ доби и ново студио и ново засилување на тимот. Во епизодата во која се запознавме со дел луѓето кои го прават најгледаното ток-шоу, екипата и официјално му посака добредојде на Марјан Ѓорѓиевски. Стенд-ап комичарот ќе биде дел од секоја следна епизода на „Еден на Еден“.
Запознајте го тимот и гледајте „Еден на Еден“ секоја недела од 20:30 часот на „Телма“.