„Фамилијата Марковски“ како вистинско семејство гостуваа кај нас
Насмеани, расположени и полни со приказни – како вистинско семејство актерите од „Фамилијата Марковски“ ни дојдоа на гости во „Еден на Еден“, а култната епизода со нивното гостување веќе е достапна на интернет.
Силвија Стојановска, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ и Петар Петковски на каучот кај Жаре раскажуваа за тоа како течеше снимањето на хит-серијата и што сѐ се случуваше позади камерите.
Тамара откри по кој инцидент ќе го памети своето прво актерско искуство, Петар, пак, дека „Фамилијата Марковски“ можеше да изгледа сосема поинаку, ако не ја придружувал неговата сестра на кастингот за серијата. Ќе има ли втора сезона и кому прво Владимир му откри дека во серијата игра хомосексуалец.
Гледајте не секоја недела од 18:40 часот на „Канал 5“, а отсега секоја епизода на „Јутјуб“ гледајте ја од среда наутро!