Светски класици на наш начин
Според едно истражување светот се повеќе чита книги. Некои светски класици би имале многу поинаква содржина кога би биле пишувани за Македонија.
- 1984 – Книга за сите 1984 станови на Владимир Талевски во Битола
2. Животинска фарма – Приказна за работата на македонското Собрание
3. Злосторство и казна – Биографијата на Никола Груевски
4. Калуѓерот што го продаде своето ферари – Калуѓерот што НЕ го продаде своето ферари (да не се лажеме, нема поп кај нас што би го продал ни своето ферари, ни својот џип)
5. Повикот на дивината – Кога на Наум Петрески ќе му заѕвонат за на лов.