Да и помогнеме на Силвана Бонева!
Го игра ли ороводецот последниот круг, дознајте последни од „Фчерашни новости“ кои неделава известуваат ексклузивно од играорното друштво „Вландовскиот конгрес“. Екипата ги посети и традиционалните и надалеку познати македонски Денови на загадениот воздух.
Еве што друго донесе вчерашната епизода 12, која веќе може да се погледне и на „Јутјуб“:
-
- Ексклузивно интервју на Фчерашни со Баба Рада за реформите во здравството
- Што чај пие премиерот?
- Што кажа опозицијата за загадениот воздух?
- Хуманитарна акција на Фчерашни: Да и помогнеме на Силвана Бонева!
Додека ја чекате следната недела, не ја пропуштајте можноста и да ГЛАСАТЕ за тоа која песна следно „Фчерашни новости“ да ви ја уништат. По „Хелоу“, „Македонијо, како си“ и „Депресито“ следува уште еден хит во соработка со „Сити радио“, „Метрополис“, „Клуб ФМ“ и „Бубамара“.
Дајте го својот глас на следниот линк.