Прва награда за Микро претпријатија за Жарко Димитриоски и „Еден на Еден“
Жарко Димитриоски и „Еден на Еден“ се добитници на првата награда во категоријата Микро претпријатија на овогодинешната 11. по ред манифестација „Претприемач на годината“.
Целта на доделувањто на престижната награда „Претприемач на годината“ е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери. И годинава се избрани најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија. Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2017“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на Република Македонија.
Манифестацијата „Претприемач на годината“ по 11. пат ја организираат Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) и Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење.
Институционален покровител на манифестацијата е Министерството за економија на Република Македонија.