ЗА СИТЕ ШТО ГО ПРОПУШТИЈА: Божикниот специјал на „Еден на Еден“ со детски евергрини

Во неделата имавте можност да го гледате Божикниот специјал на „Еден на Еден“, во кое гостуваа девојките кои пред повеќе од 15-20 години ги испеаа најголемите детски евергрини.
За првпат јавен настап после дваесетина години имаше Сања Ристиќ со нејзината многу добро позната „Ех, тој Тоше“, потоа и Ирена Маџаровска која ја испеа „Визба стара и гитара“, Наталија Караманова ни ја испеа нејзината „Заљубена“, Евгенија Дамјановска ја испеа „Чадорче“ и Евгенија Капсималева ја испеа одличната „Дувна ветре развигорче“.
Покрај тоа, девојките се присетија и на времињата кога ги пееле овие детски евергрини, како дошле до нив, но ни раскажаа и за нивните денешни професии, какво хоби имаат и слично…
За сите што ја пропуштија емисијата, истата е веќе објавена на Јутјуб.
Погледнете: