ФХ3Х работеше на 3 од 5 филма номинирани за „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х работеше на три од петте номинирани филмови во категоријата за најдобри визуелни ефекти на 90. по ред „Оскари“.
Во конкуренција на Guardians of the Galaxy Vol. 2, Kong: Skull Island и Star Wars: The Last Jedi, на кои работеше ФХ3Х се Blade Runner 2049 и War for the Planet of the Apes.
Во категоријата за најдобри визуелни ефекти на пошироката листа беа Guardians of the Galaxy2, Alien Covenant, Okja, Blade Runner 2049, Dunkirk, The Shape of Water, Star Wars: The Last Jedi, Valerian and the city of a thousand planets, War for the Planet of the Apes и Kong:Skull Island. Од овие 10 официјална номинација добија следниве 5: Blade Runner 2049, Guardians of the Galaxy Vol. 2, Kong: Skull Island, Star Wars: The Last Jedi, War for the Planet of the Apes. ФХ3Х од ови пет работеше на Guardians of the Galaxy Vol. 2, Kong: Skull Island и Star Wars: The Last Jedi.
Домаќин на официјалната церемонија на доделување на Оскарите ќе биде Џими Кимел, а истата ќе се одржи на 4 март во недела.