FEED YOUR BRAIN: Можностите постојат и тука доколку ги креираме
Во вторникот на Правниот Факултет „Јустинијан Први” во Скопје, повеќе од 350 студенти и млади ги слушнаа личните приказни за успех на гостите говорници: Катарина Ивановска, Слободан Лазаревски и Нина Ангеловска. Секој од нив со различна професија, но со заедничка порака до присутните: Можностите постојат и тука доколку ги креираме, можеби да бидеме општеството што ги менува работите, и да пробаме да придонесеме тука.
Со овој настан беше отворена акцијата FEED YOUR BRAIN, направена за првпат во Македонија, по примерот на многу светски настани на кои свои говори имаат луѓе кои имаат што да кажат, во реализација на маркетинг агенцијата „Еден на Еден” во рамките на иницијативата „Мрдни со прст”.
Големиот број на присутни, бројните реакции на социјалните мрежи, и изјавите на гостите говорници, покажува дека младите во Македонија се „гладни” за мотивација и позитивни модели на личности, што го покажуваат низ своите изјави за настанот.
- Говорот на доктор Слободан и Нина од Grouper ми се допаднаа најмногу, тие беа извонредни и зборуваа доволно мотивирачки за да почнам да размислувам за посериозни планови во мојот живот и да почнам да превземам поголема иницијатива за мојот понатамошен успех.
Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави серијалот на FEED YOUR BRAIN настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници. Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.
За сите кои не беа присутни на настанот, може да го погледнат тука:
FEED YOUR BRAIN e акција, која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.
Наредниот настан ќе се одржи во Тетово на 27 март на Универзитетот Југоисточна Европа, за кој може да добиете повеќе информации на Facebook страната.