ИСТРАЖУВАВМЕ: КАДЕ ИМА НАЈДОБАР ПОЈАДОК ВО СКОПЈЕ?
Нашата истражувачка екипа на јадачи си постави нов предизвик: да откриеме каде во Скопје може да се добие најдобриот и највкусниот појадок. Прошетавме и дегустиравме низ еден куп локали, ресторани и гостилници, но како стварно посебен локал што би сакале да го издвоиме по своите појадоци, како и по атмосферата е “Бистро Скопје”.
Доколку некој не знае, Бистро е лоциран во најстрогиот центар на Скопје, на најфреквентниот дел на ул. Македонија, до Рекорд.
Во моментот кога го добивме менито за појадоци навистина имавме „проблем“, а веруваме дека истиот го имаат и другите посетители. Како да избереш меѓу толку појадоци што звучат така вкусно: традиционален Легендарен Бистро Скопје појадок, софистициран француски со плаво сирење порткал, сува кајсија, јајца, јаболка и капучино, американски класик појадок, чорбите од лосос и пилешко и што уште не. Многу избори и сите така вкусно звучат. Не можете да се одлучите? Не можевме ниту ние. Затоа нарачавме два различни.
- Легендарен појадок – Бистро Скопје. Не за џабе го викаат легендарен. Крцкавите мекици (од Мекиците од Стража) се одличен начин да се почне денот. Добро познатите мекици се посни, па и оние кои внимаваат на такви работи ќе можат да јадат ем посно, ем вкусно. Им додадовме превкусен традиционален македонски ајвар и сирење што се топи во устата и добивме појадок на кој ретко кој може да му одолее. Впечатокот немаше да биде комплетен без најдобриот пршут и киселата павлака, а си надополнивме и со чај, затоа што чај, мекица и ајвар е неодолива комбинација. 100-процентниот сок од портокал е бонус од кој едноставно не сакавме да се откажеме.
- Американски класик појадок. Високопротеински од една страна и супер фит и здрав оброк од друга. Три јајца, крцкава и вкусна сланина и најдоброто овчо сирење се протеинска бомба што нè држеше сити до ручекот. Особено го препорачуваме за сите што имаат важни обврски во текот на денот, кои бараат концентрација. Протеините ги избалансиравме со витамини: домат, краставица и маслинки. Не го забораваме ни лепчето. На крајот, добивме и макијато со арома што се памти цел ден.