Зошто Лила се врати од Шведска, зошто Прилепска стана најдобра пиварница ?
Во вторникот на Економскиот факултет во Прилеп, се одржа четвртиот настан од акцијата Feed Your Brain, на кој како мотивациони говорници настапија: Сашо Самарџиоски, Лила Филиповска и Рисима Рисимкин.
Повеќе од 350 студенти и млади, слушнаа за борбата на Рисима за отворање на Школа за современи танци во Македонија, како Сашо наследува огромна одговорност да води компанија, и совети за градење на 20 годишна кариера од страна на нашето најпрепознатливо ТВ лице Лила Филиповска.
Погледнете ги нивните говори и целокупниот настан:
Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави „серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници.
Воедно, ја претстави целта на настаните: Младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.
Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени.
Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.