Целата емисија со Иван Босиљчиќ и Добрила Чабриќ
Должност е на секој што се занимава со музика да изедува песни од Тоше, за никогаш да не се заборави, изјави Иван Босиљчиќ во неговото гостување во Еден на Еден.
Српскиот актер и пејач, кој на 27, 28 и 29 април ќе настапува во Македонија, во Еден на Еден зборуваше за неговата акриера, настапите, филмовите, приватниот живот.
- Никој маж не ја пушта девојката сама на концерт кај мене – се смее тој, додавајќи дека во неговите поетски вечери навистина ужива и машката публика.
Пред македонската публика Босиљчиќ ќе рецитира и на македонски, а во Еден на Еден изведе неколку стихови од Анте Поповски.
Неделната емисија, која веќе е достапна на „Јутјуб“, ја отвори неверојатната 91-годишна Добрила Чабриќ, една од првите актерки во МНТ која деновиве е една од фаворитите во шоуто „Никогаш не е доцна“.
- Ги сакам луѓето. Пред се се дружам со млади и затоа сум млада – вели таа.
За оние што ја пропуштија, погледнете ја Еден на Еден епизодата со Иван Босиљчиќ:
И во недела не чека уште една одлична Еден на Еден, а гостуваат контроверзниот писател Марко Видојковиќ и првиот НЛП-тренер на Балканот, Славица Скваер.