Од ФЕИТ до Холивуд и ЕМИ номинација
Сите четворица говорници на петтиот Feed Your Brain настан, ги започнале своите студии на истото место каде што овој вторник застанаа и говореа пред свои помлади колеги на Факултетот за Електротехника и информациски технологии или познато како ФЕИТ.
Кристијан Даниловски еден од основачите на FX3X, Александра Дилевска директор на најпознатата маркетинг агенција во Македонија и регионот – Публицис, Гораст Цветковски еден од најуспешните актери во Македонија и потајно фриленсер за програмирање, и Петар Ниновски основачот на новиот концепт на учење преку платформата Brainster – сите ги споделија првите чекори од креирањето на својата бизнис приказна и се согласија дека: Нема пократок пак за да постигнеш успех, едноставно мораш да го изодиш целиот !!!
Нивните говори и целокупниот настан може да го погледнете на следниот линк:
Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави „серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници. Воедно, ја претстави и целта на настаните: Младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.
Шестиот настан е веќе во подготовка, закажан за 23.05.2018, во 15 часот на Медицинскиот факултет при УКИМ, во Големата сала во зградата на Деканатот. Акцијата „Feed your brain“ заедно со Клуб на Млади Лекари го организираат шестиот настан, со цел потткинување и мотивирање на студентите и младиот медицински кадар. Останати детали за настанот и пријавување за истиот посетете го следниот линк.
Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.