Гоце Тодоровски и Дупер ја отвораат сезона 10!
Започнува 10-тата сезона на нагледаното ток-шоу во Македонија „Еден на еден“. Емисијата на Жарко Димитриоски започнува со гостувањето на легендарниот Гоце Тодоровски, како и со посебен поздрав до човекот со кого се уште растат генерации – Ванчо Петрушевски.
Во студиото имаше дружба и со новиот македонски музички хит – бендот „Дупер“.
Новитет годинава се и Гуру Харе бенд, кои ќе бидат музичка поддршка во текот на целата сезона.
Гледајте ја првата епизода на „Еден на Еден“ во недела, 21 октомври, од 18:30 на Канал 5 телевизија.
Од студиото со црни завеси во А2 и еден навидум обичен тв- проект осмислен од Жарко Димитриоски, „Еден на Еден“ денеска е супербренд и единственото вечерно телевизиско шоу кое една деценија успешно опстојува во македонскиот етер.
Преку А1, МКЦ , Алфа, Телма и Канал 5, со преку 230 епизоди и 300 гостувања на домашни и странски ѕвезди, јавни и нејавни личности, со многу скечеви, смеење, музика и илјадници минути на квалитетно исполнет контент, „Еден на еден“ ја започнува и следната приказна наречена сезона 10.