Што сака Спасе од иднината?
Претставата „Кој е тука идиот“ Милан Калиниќ и Срѓан Ивановиќ ја играат скоро две децении. Затоа, не е чудно кога ќе ги видите колку добро се надополнуваат во шегите и надвор од сцената. Тие се кумови и колеги, а пред сѐ одлични комичари, што ја прави новата „Еден на Еден“ епизода задоволство за гледање!
Калиниќ и Ивановиќ зборуваат за нивните почетоци, семејствата, фудбалот, ријалити програмите и уште многу други теми.
Тука се и буквално преведените хитови на Жаре, но и внукот на Спасе, кој се јавува од иднината да побара помош.
Кој ја пропуштил, овде може да ја погледнете новата епизода на „Еден на Еден“:
Во недела, пак, во новата епизода на „Еден на Еден“ гостува легендарниот Велибор Џаровски – Џаро.