Какви луѓе можете да најдете во кладилница?
Кладилница е една многу интересна појава и секој кој барем еднаш влегол внатре знае дека
таму има од се по нешто…
Во локалната кладилиница секогаш има примероци на:
Аналитичар – Ова е тип кој што пред уплаќање прави МАКСИМАЛНА АНАЛИЗА… Не останува само на
“Еднава екипа е во добра форма, другава е во лоша“
Не! Тој е детален и темелен…
Истражува колку киломтери патувал тимот во последната недела, дали патентот на Гвардиола е
скинат, дали жена му на Мурињо добила пред неколку дена, па со сигурност Жозе е сув ко пустина и слично…
Тип што за се претерува – Ова е човек што не сфаќа дека спортот е само спорт и дека
кладилница е само забава и не е крај на свет ако утнеш по некое ливче. Нему тоа не му е јасно
и затоа на пример, кога ќе уплати Австралија да ја победи Кореа… И ќе промаши… Оди во
Зоолошка и ги мава кенгурите со кикирики!
Овој тип често игра на Јувентус и кога нема да добие, оди на фејсбук кај девојката на Роналдо за да и пише на
профил – “КУРВО ЕДНА, СИ ГО ИЗМОРИЛА ПРЕД УТАКМИЦА, У СРЕДАТА СУПЕР СУПЕР ИГРАШЕ, А СЕГА НЕ!!!“
Типот е познат и по тоа што пред неколку години имаше уплатено НБА, Атланта да ги победи Лејкерс… Перо Антич
не изиграл добро, Атланта загубила, а типов отишол кај комшијата и го претепал пошто комшијата се викал Перо…
Во кладилница има и дедовци – Доаѓаат во 8 сабајле, си одат на фајронт… И уплаќаат 20 до 30
денари месечно. Ама баш им е гајле за резултатите. Битно цел ден си седат и си гледаат гага утакмици на
Спорт Клуб проследени со реклами за апчиња за лечење на потенција и проблеми со уринарниот тракт. Ќе си седнат во некој ќош, ќе си кажат како во парламент не ги бива, како во ЈНА 67ма во Јесеновац било многу јако, како Стојна комшиката имала внука што работи во пиљарата ондека и слично… И нормално, ако дај боже некој млад дечко седне во близина, му викаат ”А бе момче, на твои години кога бев во рудник ме пратија, не се кладев како тебе,
немавме пари тогаш, други времиња беа, а и жена ми беше помлада…“
Човек што има местени – Ова се луѓе кои што купуваат натпревари од некои фејсбук страници
со имиња како “100% NAMESTENO DIREKTNO IZ KLUBA!” кои што најверојатно се водени од 15
годишни тинејџери со супер чувство за водење бизнис на интернет. Овие луѓе ги препознаваш
многу лесно. Обично ти приоѓаат со збровите “Еј брат имаш 500че да ми дадеш? Ти ги враќам утре, имам јавена утакмица, трета лига Германија, има да ги бричам…”
Неодговорен – Овој е човек што е нездраво неодговорен. Троши многу повеќе пари од што може да си дозволи, се позајмува од комшии, зема кредити, европски грантови, користи ИПАРД фондови за земјоделство и покрај тоа што нема ни нива ни ништо само за да продолжи да се коцка…
На овој човек не треба пари ни за леб да му се дадат, зашто во рок од 3 минути ги става на
првото нешто што ќе го види, макар тоа било и ТРЕТА ЛИГА ВО ЕСТОНИЈА – КУГЛАЊЕ ЗА
ДЕВОЈКИ ДО 15 ГОДИНИ
Васко Ефтов – Не мислиме на тоа дека физички Васко Ефтов е во кладилницата, туку мислиме на човек
кој е ЕКСПЕРТ ЗА СЕ! Разликата од обичен кладилничар и ЕКСПЕРТ е во тоа што обичен човек вика
“Да, Барселона се појаки од Зенит, ќе победи Барса…“
А експертот за да стигне до истиот заклучок се претвора во Васко Ефтов…
“Зенит против Барселона… Русите сега почнаа да се замараат со Крим, украинците се налутени и не им даваат гас, во Москва го убија претседателот на опозицијата, Путин го немаше цела недела со настапи што значи дека бил
нешто налутен, претседателот на Зенит беше во партијатата на Путин, сигурно му скратиле
плата, ако му скратиле плата значи нема пари за фудбал, во Шпанија велат дека ќе има избори
за самостојна Каталонија, значи луѓето се среќни и ќе навиваат јако, Барселона е од
Каталонија, да, Барса ќе победи изгледа…“