Жаре ја сретна новата газдарица на пансионот – екипата на „Преспав“ во „Еден на Еден“
Горан, Дритон и Адриан или како што повеќето во Македонија ги знаат – Талат, Наим и Инспекторот од серијата „Преспав“, оваа недела во „Еден на Еден“.
Жаре, пак, имаше чест и да ја запознае новата газдарица на пансионот – Преслава.
Кога е оваа екипа во прашање, веќе ви е јасно дека ќе има многу смеење!
Покрај ова, не пропуштајте да ја слушнете и новата новогодишна песна на Оливер Спасовски (да, тој Оливер Спасовски).
Гледајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 на Канал 5 телевизија.