Најчестите муабети на “Просечниот македонец” во 2019

Ако имате ваков сосед, тогаш спремете се да ги слушате овие муабети цела година 😀

Јануари:
Христос се роди!!! Него брат… како за Нова? Ја брат убо… онака јадење….пиење…па за Бадник кога сум отишол на огновине… а бе загадување демек викаат…хехе, батали тоа, како сум се најал и напил…па комшикана од трети спрат ја видов таму… ај моја ќе биде годинава ќе ја ќарам слушај што ти зборам ја…

Февруари:
Хаха втори втори а? Хахаха а бе пер, празник да не ти е ова а? Хахахаха, со дечко ти за Валентајн шо ќе праите? Хахаха, те заебаааам бе пер, шо си се напнал бе…ја онака по фејсбук ќе лајкам девојчиња, па нешто ако се убоде добро хахаха

Март:
-А бе брат? Знаеш што и земав за осми март на жена ми? и земав 200 евра хахаха, те заебаааам бе пеер шо си се напнал, неам жена ја хахаха, али шо ќе ми е жена бе, слободен живот е ова, секоја е потенцијален плен бе брат хахаха, значи еве вчера у кафана една видов..значи…а бе….да не бев пијан ќе и пријдев…ама…еј…ама ќе ја најдам некад ќе и пријдам еј хахаа ај ќе се видиме деновиве

Април:
-А бе брат… осамен сум…..хахаха априлилили бе пер хахахаха, значи кај ја осамен бе значи си ми ја видел комшикана од трети? Значи годинва ја ќaрувам ја сто посто!!! Значи еј први април бе…значи шо први април ова политичариве секој ден не лажат не им трбаат празници на нив еј хахахха. Знаеш ја у што ќе се маскирам? У пијаница хахаха, секој ден е добар ден за пијанчење бе братче хахахаха ај се глеаме ќе праиме кафана за некој ден ќе ти вртам еј обавезно се глеаме бе пер

Мај
-Аууууу чоек…први мај…..пафтање……скара….пиење…..жени..ова она…..а бе први мај е права ствар бе пер….Е сеа ја не излегов годинава дека не ме викна никој од друштвово, ама шо знам, ваљда ме забораиле иначе еј ја…значи милијарда пријатели бе пер хахаха еј топ муабет бе брат еј, супер шо се видовме треба да брзам ја, нешто работа иам….уствари ај ќе ти кажам шо е….вработиле нова цура у кладилница па ќе одам да ја ќарам еј хаха ајде се глеаме периодов бе пер

Јуни:
-Чоек кај за лето бе пер? Ја сакам исто ко и лани во Бразил….не, лани не бев у Бразил, ама и лани исто така САКАВ! Хахахаа ти текиња?? Ти текиња? Хаха, тоа е хумор бе брат, не ова копиљанава у маало нешто на интернет шо се ложат, ама не ви текнуе вие сте мали уште, али ај ко ќе пораснете ќе видите какво швалериште и мангупиште сум ја бе пер….

Август:
-Ееееј чоек! Па Август сме бе! Значи цел Јули се неаме видено бе пер!! А и кај ќе ме видиш бе? Цел Јули у Бугарија бев шмекав Бугарки хаха….ок не бев у Бугарија..али бев у Бугарска амбасада чекав нешто за бугарски пасош…ме одбија….а бе ти викам тоа Бугарите се све глупаци, мислам ајде, кај се видело некој мене да ме одбие? Хаха глупости бе пер..ај се глеаме ај хаха

Септември:
-Септември бе чоек еј…значи септември…тоа е…лета времето..ги глеам прееска децана трчаат на школо се брзаат, родителине позади се жалат, викаат….плус пари за книги фрлаат… али тоа е, коа праите деца кој ви е крив бе? Ја не праам деца бе….сеа можда ќе кажеш тоа е дека последниве 6 години сум немал секс…а бе нема везе тоа бе брат, се пазам ја, кај се видело вакво швалериште да праи деца бе пер? Тоа е, ај се брзам ја ќе праиме маубет наскоро!

Октомври:
-Чоек лета времево бе еј….ти текиња таа комшиката од трет спрат шо ми е? Е па…ме покани на свадба…ок не ме покани јас ја напнав да ме покани….али ме сака бе она бе пер, ти викам ја у очи и се гледа страст…значи таму башка старосватици, младосватици…а бе хаос бе пер, значи ќе биде лудило еј хаха

Ноември:
-Еееј чоек загадување еј…значи стварно не знам од кај испаѓа загадувањево…еве ја на пример можда пушам три кутии цигари на ден и се греам на дрва, ама барем не возам кола…. Ок, тоа е пошто неам пари за кола…ама тоа е бе пер… не ги бива овие политичариве… освен овие моиве политичари кај што сум им зачленет у партија веќе 10 години… кај и да е ќе ме вработат од партија… кај и да е….

Декември:
-Еееј чоек! Кај за нова бе пер? А? Не знаеш? Па тоа е бе пер, не знаеш, врска немате вие младите… ја некое журче ќе најдам…ако не пак ко минатата дома со кифлици и мајка ми ќе си седам. Што? Да. 39 години имам, ама нема врска бе, стара дека е затоа со неа живеам…. иначе мислиш ја неам пари да живеам сам? Хехе, ај да не зборам да не ми љубомориш…ај пер се глеаме за една година….хахаахаха, ти текнуе??? Демек за една година…дека за пар дена ќе дојде новата година??? Хахаха, а бе ај вие младите не знаете шо е хумор бе еј…ај се глеаме ќе ти вртам деноиве да праиме кафица